Центар за дневен престој
Нашиот дневен престој - клучен за градење силна образовна основа на децата
Центрите за дневен престој се најзначајни за градење силна образовна основа на децата. Таму, тие ја разбираат важноста на секојдневното учење и колку тоа може да биде забавно. Заедно со други деца, тие создаваат навика за учење додека се забавуваат.
Нашиот високо квалитетен центар за дневен престој нуди програми кои ги поттикнуваат врските помеѓу децата, нивните родители и наставници. За да можат да ги усвојат овие вештини, децата мора да се чувствуваат сигурни во нивните наставници. Наставникот во центарот за дневен престој е многу повеќе од само некој кој „ги чува децата„ - тој/таа се обучени за да го поттикнат емоционалниот развој кај секое дете и да ја поттикнат љубопитноста кај нив. Заедно со родителите, наставниците се стремат кај секое дете да ги поттикнат емоционалните врски со нивното опкружување кои ќе им бидат потребни понатаму низ животот.
Целта на Центарот за дневен престој “Максимилијан” е да ја надополни улогата на домот и семејството во животот на едно дете. Со ова, им помагаме на родителите полесно да го организираат своето слободно време и децата ја добијат поддршката која им е потребна за совладување на материјалот што го учат.
Нашиот центар за дневен престој формира групи за деца од 6 до 11 години. Се работи за мали групи (од 4 до 6 дена во група) со наставник.
Нашата програма се фокусира на четири области:
- Пишување домашни задачи и учење,
- Учење англиски јазик,
- Читање книги,
- Забавни интерактивни активности
Понеделник – Петок:
- 11:45-12:00 – Регистрација
- 12:00-13:00 – Час за пишување домашни задачи
- 13:00-13:15 – Ужина
- 13:30-14:30 – Англиски јазик
- 14:30-15:45 – Интерактивни активности/ читање книги
- 15:45-16:00 – Земање на децата од центарот
Во зависност од избраната опција, цената на програмата за дневен престој е:
- 850 евра за едно полугодие (денарска противвредност) или
- 1500 евра за цела година (денарска противвредност)