ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА

Возраст на ученици

Програмата за основно образование е наменета за ученици од 5 до 11 години. Од прво до шесто одделение

Целта на нашата меѓународна програма за основно училиште е да ги балансира новостекнатите основни знаења со развивање на духот на креативност и љубопитност. Со цел да се постигне оваа рамнотежа, учениците учат низ квалитетно изработена и признаена меѓународна наставна програма која промовира учење низ самостојно истражување, критичко размислување, комуникација, отворен ум и размислување. Учениците на оваа возраст се охрабруваат да бидат независни мислители и да бидат одговорни за своите постапки и избори. Програмата е составена од истите теми кои се опфатени со програмата за предучилишна возраст што ја прави комплементарна со неа и ја комолетира. Во втората половина од програмата, предметната настава станува се повеќе дефинирана, особено во изучување на основните (носечки) предмети и тоа: Англиски јазик, Математика и Природни науки. Со влегување во шесто одделение, учениците се подготвени за предметна настава имајќи ја академската основа за истото.

Нивоа:
  • Ниво 1 – возраст на учениците: 5,5 - 6 години
  • Ниво 2 – возраст на учениците: 6 - 7 години
  • Ниво 3 – возраст на учениците: 7 - 8 години
  • Ниво 4 – возраст на учениците: 8 - 9 години
  • Ниво 5 – возраст на учениците: 9 - 10 години
  • Ниво 6 – возраст на учениците: 10 - 11 години

Наставна програма со три основни предмети: Математика, Англиски и Природни науки. Целата настава се изведува на англиски јазик.

Програмата е конкурентна на меѓународно ниво и е дизајнирана да биде културно прифатена. Вклучува високо квалитетна настава и ресурси кои се соодветни за националните, но и меѓународните училишта.

Нашата програма е целосно посветена на поставување силна основа за следните вештини: читање, пишување преку интегрирана настава по природни науки, ИТ, уметност и спорт. Учениците ги развиваат своите јазични вештини на англиски јазик преку читање, пишување, зборување и слушање.

Како дел од наставата по Природни науки, учениците ја истражуваат врската помеѓу животните и животната средина, создавањето на Земјата и релјефот, како и основите на физиката. Во програмата по Уметност, учениците учат интегрирани настава по танц, визуелна уметност, како и креативност. Ние сме посветени на развој на квалитетни програми на секое ниво на основно образование.
Материјалите секогаш одговараат на најмодерните и најпрогресивните учебници за соодветната возраст.

Начин на оценување


Напредокот и успехот на учениците се следи и оценува во текот на целата година.

Од прво до петти секој месец, учениците добиваат Извештај за напредокот. Овој извештај се подготвува за секој предмет и вклучува параметри кои го покажуваат напредокот на ученикот во текот на месецот.
 
Освен редовните тестови и проверки на знаењето, во текот на годината има две испитни недели. Првата испитна недела е на крајот на првото полугодие, додека втората е на крајот на второто полугодие.
 
На крајот на секоја учебна година, секој ученик се тестира за нивото на познавање на англискиот јазик.
 
Во исто време, на учениците им се прават проверки на знаењето како што се: континуирани проверки на напредок, самоевалуации, оценувања на врсниците, портфолија, квизови, тестови. 

Основното училиште „Максимилијан“ го следи меѓународниот образовен систем со соодветен училишен распоред. Покрај тоа, нашите ученици следат проширена наставна програма, која ја користиме за да ги охрабриме надарените ученици, да обезбедиме напредни часови по англиски јазик од прво одделение и проектни активност од областа на дигиталните медиуми и ИТ.

International Baccalaureate (IB) Primary Years Programme (PYP) - Candidate School

Меѓународно училиште Максимилијан е кандидат
училиште за меѓународната програма International
Baccalaureate (IB) Primary Years Programme (PYP) - Candidate School* и
продолжува со акредитација како Светско ИБ училиште.


IB World Schools споделуваат заедничка филозофија -
заложба за подобрување на наставата и учењето низ разновидна и инклузивна
заедница на ученици преку предизвикувачки, високо квалитетни програми на
меѓународно образование кои споделуваат единствена моќна визија.


Повеќе информации за ИБ програмите:
www.ibo.org.

Возраст на ученици

Преку основните предмети, учениците добиваат целосно образование што создава желба за учење, гради силна база на општото знаење и им дава можност на учениците да постигнат сет на вештини што ќе ги носат низ сите нивни образовни патувања и на крајот да бидат продуктивни и вреднувани граѓани во заедницата. Меѓу-културниот пристап се користи за да се покаже врската помеѓу стекнатото знаење и концептите од секојдневниот живот и да се создаде разбирање дека темите кои се изучуваат не можат да се набљудуваат изолирано од контекстот. Учениците се охрабруваат да истражуваат, да бараат решенија, да размислуваат критички и да ги развијат комуникациските вештини 

Предметот Англиски јазик им овозможува на учениците да комуницираат самоуверено и ефикасно и да развиваат критички вештини за да одговорат на низа информации и текстови со разбирање и уживање.

Нашата наставна програма по Англиски јазик го охрабрува доживотниот ентузијазам за читање, пишување и говорна комуникација. Учениците развиваат јазични компетенции по англиски јазик за различни цели.

Насаставната програма е изработена како програма за Англиски јазик како прв јазик и може да се користи во секој културен контекст.

Што ќе научат учениците?

Учениците развиваат вештини и разбирање во четири области: читање, пишување, зборување и слушање. Тие ќе научат како ефективно да комуницираат и да одговорат на низа информации и текстови и тоа:

  • да станат сигурни во комуникацијата, способни ефикасно да ги применуваат сите четири компоненти на јазикот во секојдневни ситуации;
  • да се гледаат себеси како читатели, развивајќи ја љубовта кон читањето низ различни четива;
  • да се гледаат себеси како писатели, користејќи го пишаниот збор јасно и креативно во различни жанрови.

Предметот Англиска литература е воведен во нашиот силабус уште во првите години на образованието. Веруваме дека само на тој начин секое дете добива можност да ја развие љубовта кон книгите.

Со вметнување на предметот Англиска литература во силабусот, учениците почнуваат да читаат книги на рана возраст како на училиште така и дома.

Училиштето има клубови за читање книги каде учениците поминуваат неколку часа во тивка средина со други ученици и уживаат во книгите.

Часот по Македонски јазик и литература е предмет кој е задолжителен за сите ученици на нашето училиште. Силабусот ја следи националната рамка и се состои од литература и граматика.

Силабусот по предметот Математика проучува пет предметни области: геоетрија, мерење, управување со податоци и решавање задачи. Овој силабус се фокусира на принципи, системи, функции и врски каде учениците го применуваат стекнатото знаење и развиваат детално разбирање на предметот.
Училиштето верува дека со ставање акцент на математиката во првите години од образованието, секој ученик почнува да развива логичко размислување и независно решавање задачи.

Што ќе научат учениците?
Учениците развиваат холистичко разбирање по предметот, фокусирајќи се на основните принципи, обрасци, системи, функции и односи. Тие ќе станат математички компетентни со што можат да го применат знаењето во секојдневни ситуации.
„Математичко размислување и работење“, единствена карактеристика на нашата наставна програма која ги охрабрува учениците да ги споделат своите решенија со други, да дискутираат идеи и бараат докази што ги потврдуваат нивните претпоставки и решенија. Кога учениците размислуваат и работат математички, тие активно се обидуваат да најдат смисла за идеите и да создадат релевантни врски помеѓу различни факти, постапки и концепти. Ова укажува на повисоко ниво на размислување што им помага на учениците да го гледаат светотот низ призмата на математиката.

Предметот основи на работа со компјутер се воведува во нашата програма од прво одделение.

На овој час учениците уште од најмала возраст се сретнуваат со компјутерот и имаат можност да научат како да користат одредени апликации соодветно на нивната возраст. Тие ги учат основите на програмирање, користење на Word документи, подготвување на презентации и слично.

Програмата за предметот природни науки покрива четири области: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научните истражувања се базираат на собирање идеи, информации, евалуирање докази, плаирање и анализирање на податоци. Подигање на свеста за околината и историја на природните науки се исто така дел од програмата.

Со слушање на овој предмет, секој ученик ја развива љубовта кон природата и околината. Во нашето училиште создадовме научна околина каде учениците можат да ја откријат убавината на природните науки низ призмата на експериметите и непосредниот контакт со природата.

Часовите по природни науки се состојат од теоретски и практичен дел. Преку теоретскиот дел, учениците ги учат најважните информации за разбирање на темата, додека преку практичниот дел тие добиваат шанса да го видат она што го изучувале.

Што ќе научат учениците?
Учениците ќе научат да размислуваат како “мали научници„ и ќе развиваат практични вештини со знаење и разбирање, што е од витално значење за објаснување на светот околу нас. Подигнување на свесноста на учениците за науката во светот околу нив го развива нивното чувство дека „науката е дел од мене“, помагајќи им да се поврзат со оваа тема.
Овој пристап им обезбедува знаења и вештини што им се потребни за да се истакнат во науката во подоцнежните фази на образованието и да направат информиран избор, вклучително и разгледување на прашања за одржливост и соочување со предизвиците со кои се соочува нашата околина.

Како се учи програмата?
Оваа наставна програма опфаќа шест главни области на кои се работи интегрирано како би се постигнал холистички пристап и тоа:

  • Биологија – живи суштества и нивна интеракција.
  • Хемија – проучување на материјата.
  • Физика – интеракција на материјата и енергијата.
  • Земјата и вселената – планетата Земја, Сончев систем.
  • Научно размислување и работа – развива разбирање и вештини за научни модели и претстави, научно истражување и практична работа.
  • Наука во контекст – им помага на наставниците да ја прикажат релевантноста на науката и холистичкиот пристап.
На часот по општествени науки, учениците кои ја следат оваа програма го изучуваат нивното опкружување, како и основите на историја и географија.

Силабусот на овој предмет е креиран да ги поттикне вештините на истражување, анализа, евалуација, рефлексија, соработка и комуникација.

Учениците во првите години од своето образование добиваат проекти соодветни на нивната возраст. Темите на овие проекти ги опфаќаат сите предмети кои се изучуваат. Се подготвува годишен план за проекти со кој учениците знаат на кој проект кога ќе работат.

Со следење на овој предмет, учениците учат што значи одговорност, тимска работа, лидерство, вештини кои им се неопродни понатаму во животот

За време на часот по спорт, учениците одат во спортскиот ценар кој се наоѓа во близина на училиштето, каде самите избираат некои од активностите кои ги нуди центарот.

Часовите по музичко се одвиваат секој петок во нашето училиште. На овие часови учениците освен што се запознаваат со теоријата на музиката и најзначајните музичари тие имаат можност да свират одреден инструмент и да научат како истиот функционира.
Меѓународното училиште Максимилијан ја воведува Фониката како задолжителен предмет во првите години на образованието како начин на учење на децата да читаат брзо и вешто. Истражувањата покажуваат дека кога фоника се учи на структуриран начин – почнувајќи од најлесните звуци и напредувајќи до најсложените – тоа е најефективниот метод за учење на малите деца да читаат (да биде особено корисен за деца на возраст од 5-7 години).

Емпатија е задолжителен предмет во нашата наставна програма за учениците од 1, 2 и 3 одделение. Емпатијата помага во градењето односи, спречува булинг и создава вештини кои им помагаат на учениците во секојдневните ситуации на училиште и подоцна на работа. Овој предмет поттикнува создавање на лидери и претприемачи.