Национална програма

Возраст на ученици

Национална програма за гимназиско образование е наменета за ученици од 14 до 18 години

Програмите се внимателно креирани и прогресивни, овозможувајќи им на учениците од 14 до 18 годишна возраст, јасно трасирана патека до успех на академско и професионално ниво. Сето ова се разбира е во согласност со законите кои функционираат на локално ниво.

Националната програма е целосно усогласена со националниот наставен план за гимназиско образование.

Нашите ученици имаат можност да учат во мали паралелки, со индивидуален пристап на секој професор.

Во првите две години се изучува општа програма додека во трета година учениците имаат можност да одберат некоја од долупонудените насоки.

  • Училишната наставна програма содржи широка, избалансирана, кохерентна и конзистентна програма за учење со јасни патеки за прогресија кои се дизајнирани за потребите на сите ученици.
  • Развој на атрибутите на ученикот на меѓународната јазична програма
  • Меѓународен проект кој се занимава со проценката и учењето вештини на 21от век, ги идентификува промените во образовниот фокус, потребни за подготовка на учениците за модерниот свет и ги дели на четири категории:
  • Начин на размислување: вклучува креативност, иновативност, критично размислување, решавање на проблеми, донесување на одлуки и учење како да се учи
  • Начин на работење: вклучува нови форми на соработка и комуникација
  • Алатки за работа: вклучува информатичко описменување и капацитетот за искористување на потенцијалот на новите технологии
  • Вештини за живеење во светот: вклучување во развојот на локалната и глобалната свест, како и лична и општествена одговорност.

Насоки