Максимилијан во Медиумите

Разговор со Софија Филиповска: Во „Максимилијан“ пристапот кон секое дете е индивидуален, но успехот е заеднички

Креативни ракотворби, музички и драмски изведби, собирање на средства за хуманитарни цели. Сето ова беше дел од хуманитарниот базар на училиштето „Максимилијан“, пропратено со новогодишна атмосфера и позитвна енергија од сите ученици, наставници и присутни.

Меѓународното приватно училиште „Максимилијан“ нуди образовни програми за предучилишно, основно и средно образование (национална и меѓународна програма). Лоцирани во урбаното јадро, на влезот на стариот дел од Градскиот парк, оваа образовна установа на вистински начин ги подготвува младите за животните предизвици со кои ќе бидат соочени.

Преку принципот на International Baccalaureate (IB) education, „Максимилијан“ ги подготвува учениците за успех во ова динамично општество на промени и глобализација. Оттука, преку IB програмите младите не се оставени сами на себе и единствено на училишните помагала (учебници, IT уреди) туку се поттикнати да размислуваат, да го развиваат своето критичко мислење, комуникација и соработка со сите други чинители во околината.