ПРЕДУЧИЛИШНА
ПРОГРАМА
Дознај повеќе
ПРЕДУЧИЛИШНА
ПРОГРАМА
ОСНОВНО
ОБРАЗОВАНИЕ
Дознај повеќе
ОСНОВНО
ОБРАЗОВАНИЕ
ГИМНАЗИСКО
ОБРАЗОВАНИЕ
Дознај повеќе
ГИМНАЗИСКО
ОБРАЗОВАНИЕ
На нашите ученици им овозможуваме професори кои се едуцирани според меѓународни стандарди и кои подлежат на континуиран тренинг, како и можност за продолжување на образованието на некој од најелитните Универзитети во светот.
Курсеви за познавање на компјутери за возрасни
Меѓународното училиште Максимилијан е акредитирано од Центарот за образование на возрасни за спроведување на програмата Компјутерска писменост & Основни компјутерски вештини.
Програмата за обука е наменета за лица кои имаат завршено средно образование, односно 18+ години и содржи модули кои ќе обезбедат основно знаење за работа во Microsoft Office etc.
Со содржината на програмата, учесникот ќе се здобие со компетенции за работа со алатки за уредување текст, алатки за работа со табели и алатки за правење презентации.
Цели на програмата: да управува со основните компјутерски операции, да препознава и идентификува делови од персонален компјутер, да применува внесување на податоци во табелите со Excel, да управува со "пити" и графикони и да подготвува презентации со целосна анимација.
Структура на програмата: програмата се состои од 2 модули дистрибуирани преку часови по теоретска и практична настава.
Форми и методи на учење: групна работа, презентации, комбинирана настава, учење на далечина и слично.
Програмата ќе ја изведува наставниот кадар за теоретска и практична работа во училници опремени за настава. Наставата се изведува во времетраење од 48 наставни часа што вклучува теоретска и практична настава. На крајот на програмата, се полага завршен испит и учесниците добиваат сертификат.