За нас

Место за учење и живот

Максимилијан е училиште кое ги цени пријателскиот дух и единство. Негуваме квалитетни пријателства помеѓу нашите ученици и кохезивен училишен дух. Нашата училишна заедница е резултат на заемна грижа, време и доверба.

Личните односи, како и меѓусебната комуникација и интеракција се темелните вредности што го прават нашето училиште позитивно место за учење.

  • Акредитација број 11-440 Издадена од Министерството за образование на Република Северна Македонија.
  • Меѓународното училиште Максимилијан е акредитирано од Центарот за образование на возрасни за спроведување на програмата Компјутерска писменост и основни компјутерски вештини.
  • Меѓународно училиште Максимилијан е кандидат училиште за меѓународната програма International Baccalaureate (IB) Primary Years Programme (PYP) - Candidate School.

Визија

Зајакнување на силните страни - Остварување на потенцијалот со поттикнување и охрабрување. Овие вредности го прават Меѓународното училиште Максимилијан уникатна образовна институција.

Нашето училиште ги промовира индивидуалните силни страни и таленти на Вашето дете и им помагаме на сите деца да ги развиваат сопствените потенцијали. На овој начин, Вашето дете го достигнува својот потенцијал и станува активен учесник во остварувањето на своите цели.

Учиме да учиме - Стекнување вештини преку индивидуални стратегии за учење.

Во Максимилијан, го учиме Вашето дете како успешно да научи да учи и го поддржуваме низ неговиот индивидуален процес на учење. Нашите ученици стекнуваат стратегии за учење кои им овозможуваат да интерпретираат информации и независно да развиваат вештини.

Мисија

ЕДНАКВИ МОЖНОНОСТИ ЗА УПИС И ИНДИВИДУАЛЕН ИЗБОР НА ЛИЧНА НАДОГРАДБА

ОБРАЗОВАНИЕ КОЕ ИМ НУДИ ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ НА УЧЕНИЦИТЕ ДА БИДАТ КОНКУРЕНТНИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

СТЕКНУВАЊЕ СО ПОТРЕБНИТЕ ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ КОИ СЕ СУШТИНСКИ ВО СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО

ПРИМЕНА НА КВАЛИТЕНТНО ОБРАБОТЕНИ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ

ЕДНАКВИ ОБРАЗОВНИ МОЖНОСТИ ЗА СИТЕ ДЕЦА

Последни натписи

Креативност на живеењето - оригинално размислување и иновации.
Ние го инспирираме Вашето дете да избере нови и креативни насоки со тоа што поттикнуваме да се развива неговиот дух на иновативност и храброст. На овој начин, Вашето дете ги открива своите потенцијали и работи на нивно достигнување и пронаоѓа креативни начини да се прилагоди на модерните услови на живеење.


Љубопитни, истражувачи - Нашите ученици доаѓаат до заклучоци низ постојано истражување.

Во нашето училиште го негуваме ентузијазмот за доживотно учење. Вашето дете ќе ја задржи својата љубопитност и желба за
продлабочување на знаењата.


Холистичко образовани - Системско размислување и постапување.

Ние сме насочени кон добросостојбта на Вашето дете и барањата на општеството и иднината. Учењето и развојот на вашето дете се засноваат на холистичко образование.


Среќни деца - Деца кои учат и растат со верба и одговорност.

Ние го поддржуваме и зајакнуваме развојот на Вашето дете со што тие прераснуваат во одговорни, самоуверени и среќни млади луѓе. Вашето дете расте со самодоверба и открива што значи да се биде вреден член на општеството.


Педагошки концепт

Индивидуална промоција на талентите и мотивација за доживотно учење.

Вашето дете е во фокусот: реализација на неговиот потенцијал, мотивација за учење, достигнувања во образованието и личен развој, кои доведуваат до
создавање на одговорна, независна и среќна младина.

Учење и предавање

  • Ефективното учење и настава се одвиваат во мешани групи. Од прво одделение натаму, работиме со наставни планови приспособени на потребите на секое дете.

Вештини

  • Зајакнувањето на силните страни со трансдисциплинарно учење доведува до нови знаења и вештини кои можат успешно да се применат.

Флексибилност

  • Нашата програма е со јасно дефинирани цели, но сепак е флексибилна во нејзината имплементација.

Отвореност

  • Педагошкиот концепт на Максимилијан е отворен, лесно прилагодлив и современ.