Ден во Максимилијан
ИСКУСЕТЕ ЕДЕН ДЕН ВО МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН
08:00 Меѓународното училиште Максимилијан ги отвора вратите за своите ученици
Семејната атмосфера на нашето училиште се одликува со топол и индивидуален пристап кон секое дете.
Распоредот креиран кон потребите на секое семејството значи подобро планирање и флексибилност на професионалниот и семеен живот.
08:30 Добро утро!
Секое утро во Меѓународно училиште започнува со топол поздрав со нашите ученици. Личните односи, како и комуникацијата и интеракција, се вредностите според кои работиме и го прават нашето училиште позитивно место за учење и живеење.
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА СЕКОЈ УЧЕНИК
Поттикнувањето на истражувачки прашања и работа на проекти се клучни елементи за реализација на потенцијалот на секое дете. Детето расте низ процесот на поставување прашања и завршување на училишните задачи, со што станува експерт во областите кои ги изучува. На тој начин се зголемува самодовербата кај секои ученик и се поттикнува развојот на талентите.
Научете да учите - стратегијата за успех
Секое дете има различен начин на учење. Стратегиите
насочени кон индивидуалните потреби на секој ученик го прават учењето забавно и ефикасно на независен и мотивиран начин. Како наставен персонал, ние се гледаме себеси како лични тренери во процесот на учење на детето. Оваа врска со детето придонесува за позитивно искуство во учењето.
ПАУЗА ВО МЕЃУНАРОДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН- ВРЕМЕ ПОМИНАТО НА ОТВОРЕНО!
Големиот училишен двор кој изобилува со зеленило и растенија им нуди на децата многу простор и можност за игра и физички активности- без оглед на времето.
Англискиот јазик е прв јазик во училиштето
Англискиот јазик е наставен јазик во Максимилијан. Ние се концентрираме на образованието на нашите деца во рамките на меѓународниот образовен систем. Нашите ученици учат англиски јазик од прво одделениепа натаму.
ВРЕМЕ ЗА РУЧЕК
Семејство како заедницата и пријателските интеракции се
важни за сите во Максимилијан. Ова социјално опкружување го збогатува нашиот заеднички живот во рамките на нашето Максимилијан семејството. За ручек, учениците имаат избор од висококвалитетно, здраво, сезонско мени подготвено од нашите професионални партнери.
Математичко искуство
Изучувањето на математиката во Максимилијан е возбудливо.
Со неа се среќаваме насекаде во секојдневниот живот и во природата. Децата од Максимилијан ги прошируваат своите математички вештини со концепти што можат да ги разберат, истражат и да размислат- истовремено и да учат едни од други.
Креативност и изразување
Креативноста е размислување и правење на нешта притоа користејки имагинативност и инвентивност.
Креативноста е дефинирана како тенденција да генерираме или препознаваме идеи, алтернативи или можности што можат да бидат корисни во решавањето на проблемите, комуникацијата со другите и забавувањето на самите нас како и на другите. Тоа е една од најзначајните клучни компетенции во иднина.
Нашето училиште е место за учење и живеење, кое има за цел да го осветли креативниот потенцијал на секој член на семејството Максимилијан.
ЗАВРШУВАЊЕ НА НАСТАВАТА И СЛОБОДНИТЕ АКТИВНОСТИ
13:30- Крај на часовите
По завршување на редовните часови, започнуваат часовите за пишување домашни задачи. Часовите за домашни задачи се делод нашата редовна програма и им овозможуваат на учениците брзо и соодветно совладување на наставниот материјал.
Денот во Меѓународно училиште Максимилијан завршува во 14:45
По завршување на Клубовите за читање и пишување домашни задачи, учениците се веќе слободни да заминат дома. Со завршување на сите училишни обврски на училиште, учениците имаат повеќе време и за хоби, спорт, послешколски активности и слободни активности во рамките на семејството.