Logo Loading

Enter your keyword

Послешколски активности

}

Послешколски активности и зошто тие се важни

Времето кое учениците го поминуваат на училиште влијае на нивниот развој. Преку послешколските активности, учениците можат да ги развијат своите социјални вештини, да го подобрат перформансот на училиште, да создадат силни врски со нивните наставници.

Учеството во послешколскиот клуб е поврзано со повисоки академски достигнувања и поголема самодоверба. Учеството пак, во спортски активности придонесува за подобра здравствена и ментална состојба кај секое дете. Послешколските програми се посебно добри за деца кои имаат ниско познавање на англискиот јазик.

Послешколските активности се исто така важни бидејќи играат голема улога во грижата за децата. Според глобалните статистики, 60% од семествата со двајца родители и 71% од семејствата каде за детето се грижи еден родител имаат потреба за послешколска грижа за децата

Овие програми овозможуваат конструктивни активности за децата кои имаат родители кои се постојано на работа и истите се прилагодени да секој може да си ги дозволи.

Послешколските клубови се совршена средина каде секој ученик може да се развива, надградува и дружи со своите врсници.

Што претставува Sesame English?

Sesame Workshop™,креаторите на Sesame Street®,го создадоа Sesame English™ — мултимедијален начин кој на децата ширум светот им овозможува да го изучуваат англискиот јазик.

Sesame English ги запознава децата со англискиот јазик и американската култура преку забавна и интересна настава. За да се постигне динамична настава употребени се разновидни активности како песни и стихотворби, игри, цртежи и игри на улоги и симулации. Програмат е надополнета со мултимедијални наставни материјали како CDs, видео касети, карти, книги и играчки.

Програмата Sesame English е создадена за деца од 4- 7 годишна возраст.

Во групите се вклучени минимум 6 / максимум 10 деца

Програмата содржи вкупно 60 часа на годишно ниво

Наставата ја изведуваат лиценцирани странски професори кои користат меѓународно прифатени наставни методи.

Цена за годишна програмата:395 евра во денарска противвредност со moжност за плаќање на 9 рати

  • 48 евра рата

  • +книги 25 евра и административна такса 15 евра

  • Наставата ќе се одвива само во сабота од 11:30-13:30

Јазична програма за деца од 8-11 години.

Наставната програма содржи 120 часа.

Распоред на наставата:

Понеделник и среда од 16:00-18:00
Вторник и четврток од 16:-00-18:00

Цена : 550 евра во ден.противредност

  • 35 евра книги и 15 евра административна такса
  • Можност за плаќање на 9 месечни рати
  • 67 евра рата

Напредна Програма за тинејџери од 12/18 год

Современа програма со актуелни теми за тинејџери, која се базира на активна конверзација и критичко размислување на англиски јазик, вклучувајки вежби на точно граматичко изразување. Застапени се и групни активности, вежби за критично размислување преку презентација на автентични текстови од британски и американски медиуми од репортажа па се до фикција, како и работа на групни проекти.

Развивање на лидерски вештини, усовршување на преговарачки вештини и зголемување на самодовербата со употреба на јазикот кој се изучува.

Наставата ја изведуваат лиценцирани странски професори.

Програмата вклучува 120 наставни часа

Распоред :

Понеделник и среда : 17:00-19:00
Вторник и петок : 17:00-19:00

Цена: 585 евра + 30 евра тренинг материјали + 15 евра административна такса

  • Можност за плаќање на 9 месечни рати
  • 70 евра рата
  • Цените се во денарска противредност.

Цели на програмата:

  • Развивање на сопствените способности за личниот емотивен раст и развој
  • Зголемување на свесноста за сопственото функционирање, (емотивно, интелектуално, социјално)
  • Препознавање, идентификација и справување со сопствените емоции и потреби
  • Стекнување позитивни комуникативни способности

Теми на работилниците:

  • Кој/а сум Јас! (грижа за себе)
  • Кон развојот на емоционалната компетенција
  • Мои потреби – мое задоволство
  • Јас сум ОК – Ти си ОК
  • Комуникација и говор на телото
  • И… јас сум под стрес!
  • Позитивно разрешување на конфликти!
  • Ослободи се од притисокот!

Тип на работилници: Креативни психоарт работилници за деца и млади

Метод на работа: Групен интерактивен пристап, арт експресија, музикотерапија, забава и динамика.

Број на учесници во група: 12-15

Време на траење на циклусот: 8 работилници

Времетраење на една психоарт работилница: 2 часа,

Наменета е за деца и младинци од 8 до 16 год.

Програмата ја реализира стручно лице, психолог/психотерапевт со европски сертификат за гешталт психотерапија.

По успешно завршување на програмата се добива

Завршен Сертификат за развој на емоционална компетенција

Послешколска програма за пишување на домашни задачи

Оваа програма им ја нуди потребната помош на учениците со нивните домашни задачи.

Домашните задачи се наменети да го продлабочат знаењето кое е стекнато во текот на денот на училиште и се значаен дел од процесот на учење. Со завршување на домашните задачи, децата учат значајни вештини како организација, дисциплина и самостојно работење.

Помалите деца особено имаат потреба од помош во развивање на овие вештини. Сепак, често домашната задача може да се претвори во битка помеѓу родителите и децата.

Овие програми ги поттикнуваат ефективните навики на пишување домашни задачи. Со свежи знаења од изминатиот ден на училиште, децата имаат можност да седнат, после кратка пауза и да се сконцентрираат на задачите. Доколку имаат прашања, наставникот одговорен за таа програма е тука за да им помогне.

Овој вид на помош е подобен како за децата така и за родителите, но не ја заменува родителската улога.