Logo Loading

Enter your keyword

За Нас

}

ЗА НАС

ПРИВАТНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН
со акредитација бр. 11-440 издадена од
Министерството за образование и наука на Р. Македонија

Гимназијата “Максимилијан” е место каде учениците имаат можност да следат настава според највисоките меѓународни стандарди преку паралелно изучување на повеќе странски јазици, во пријатна атмосфера во паралелки со мала група од ученици.
Училиштето е  водено од искуството на водечки брендoви во формалното  образование, со што   на своите ученици им  овозможува да бидат дел од светските водечки наставни системи и  глобални едукативни стандарди,
Училиштето е  секогаш во чекор со најновите трендови во образованието со што ги подготвуваме  учениците непречено да се прилагодат  во глобалнит свет, а најамбициозните   да го продолжат образованието  на најпознатите  светски универзитети.

Ние сме секогаш еден чекор пред другите , бидејќи нашата основна цел е да ги надминеме Вашите очекувања!

Зошто ние

Бидејќи успехот е резултат на искуството.Добро е да знаете каде се наоѓате , така ќе знаете каде да се насочите. Едукацијата во нашето училиште значи бројни придобивки со една една единствена цел: најдобри резултати од учењето за секој ученик! Целосна поддршка на патот кон остварување на Вашите цели.

Наши стандарди

Можете да се потпрете на нив! Она што ја прави наставата во нашето училиште единствена и уникатна е примената на меѓународни стандарди и програми, а истите се карактеризираат со особено ефикасен метод за мотивирање на учениците и нивно успешно вклучување во едукативниот процес.

15356572_358734421156728_6806069892560732666_n (1)
Цели

Посветени сме на континуирано -доживотно учење и секогаш се стремиме да бидеме во чекор со глобалните трендови во образованието. Нашиот тим се состои од врвни професори со долгогодишно искуство . Круна на нашиот успех е задоволен и лојален ученик, затоа се стремиме кон одржување на високо квалитетна услуга.

Методи

Соодветен вид на едукација! Употребувајќи практично ориентирани методи, нашите професори работат заедно со вас во текот на часовите со цел да откријат на кој начин преферирате да ја совладувате материјата и кој метод е најсоодветен за најефективно совладување на истата.

ВИЗИЈА

Визија на Гимназијата ``Максимилијан Берлиц`` е реализирање на настава во средно образование која ги задоволува меѓународните стандарди преку почитување на принципите на:
• децентрализација,
• еднакви образовни можности за сите,
• квалитет,
• транспарентност,
• интегративност,
• општествена одговорност.

МИСИЈА

Мисијата на нашето училиште е да обезбедува:

• еднакви можности за вклучување во училиштето и избор на различни патишта;
• флексибилно образование во поглед на структурата, изборот на програмите, методите, организацијата, етапите и местото на реализирање на образованието;
• поопшто образование со кое се стекнуваат компетенции за променливиот свет на трудот, за општествениот и културниот живот;
• стекнување на животни вештини неопходни за современото општество;
• примена на современи стандарди на образование и стандарди на занимања;
• примена на усовршени наставни програми и планови, модули и курсеви, како и воспоставување оптимална рамнотежа помеѓу општото и диференцијално образование, теоријата и практиката;
• промовирање на културата на самоевалуација и развојно планирање на училиштето.