Blog Maximilian

Алумни приказни: Разговор со Tеодор Спасовски

1. Можеш ли да ни го споделиш твоето искуство во Меѓународно училиште Максимилијан?
Моето искуство во Меѓународното Училиште Максимилијан е целосно позитивно и со задоволство се навраќам на времето поминато како ученик таму.
2. Дали и колку учењето во МУ Максимилијан те подготви за понатамошното школување?
Учењето во МУ Максимилијан ми ги даде сите алатки потребни за моето понатамошно образование: знаење, желба за напредок и самодоверба.
3. Кои аспекти од наставната програма или наставниот пристап на Максимилијан сметаш дека биле особено корисни за тебе?
ЦОсобено корисен го сметам пристапот со кој ми беше дозволена креативна слобода во анализирање и решавање на училишните задачи.
4. Како би го опишал образовното искуство во Максимилијан?
Можам слободно да речам дека за време на моето школување во Максимилијан, мојот капацитет дојде до израз и се унапреди, благодарение на стручноста, мотивацијата и несебичната подршка на професорскиот кадар и директорката на училиштето.
5. На кои начини Максимилијан го поддржа твојот личен и академски раст?
Во МУ Максимилијан се чувствував прифатен и слушнат. Во таква атмосфера на меѓусебно разбирање и почит, дури и најголемите образовни предизвици полесно се совладуваа а тоа неизбежно водеше до напредок во секој смисол, и личен и академски.
6.  Можеш ли да ни споделиш најубави искуства или достигнувања за време на учењето во Максимилијан?
Моето целокупно искуство во Максимилијан беше прекрасно. Ако морам да издвојам нешто, тоа би биле интересните проекти на кои работевме, во кои со насока од професорите, вршевме истражувања во многу интересни области и стекнувавме многу знаење во истите.
7. Каков совет би им дале на сегашните ученици на Максимилијан?
На сегашните и идните ученици на Меѓународното Училиште Максимилијан би им препорачал да ја искористат можноста да учат и напредуваат во ова училиште кое навистина се грижи и ќе се грижи за нив, училиште во кое можат да се посветат на својот развој без конфликти, без недоразбирања, во целосно безбедна атмосфера.
8. Зошто би го препорачал Максимилијан за ученици кои се во потрага по училиште во кое би го продолжиле своето образование?
Го препорачувам МУ Максимилијан затоа што сум убеден, од лично искуство, дека таму се обезбедени сите услови за непречен тек на образовниот но и воспитниот процес. Совршена отскочна даска за било какво повисоко образование, но и цврста основа за личен напредок и исполнување на своите потенцијали.
9. Дали има нешто друго што би сакал да додадеш за твоето искуство во Максимилијан или за твоето образовно патување?
Би додал дека ми е огромна радост и чест што бев и сеуште сум дел од големото семејство на Максимилијан.