С.Е.Н.Д

секое дете заслужува еднаков пристап до квалитетно образование

Нашата цел е да им обезбедиме еднаков пристап до квалитетно образование на сите деца

Со кои состојби работиме?

  1. АДХД,
  2. Аутистичен спектар на нарушувања
  3. Развојна дисфазија
  4. Дислексија
  5. Дискрафија
  6. Дискалкулија
  7. Потешкотии при учење
  8. Нарушувања во фина и груба моторика
  9. Благи потешкотии при учење
  10. Проблеми со однесување

Образованието е суштински дел од животот на Вашето дете. Пристапот до квалитетно образование им ја дава единствената можност да учат и да се социјализираат, како и да остварат пријателсва и да ги научат потребните вештини кои ќе им помогнат да станат активни членови во општеството. ние во ПСУ Максимилијан сме свесни дека секое дете е различно и има различни потреби. Затоа, како дел од нашето училиште основавме Центар за деца со посебни образовни потреби. Уверени сме дека секое дете има право да добие индивидуален пристап и да ја добие грижата и посветеноста која му е потребна. Само на тој начин можеме да им помогнеме да го остварат својот потенцијал. Како тим, во Центарот нудиме професионални услуги кои вклучуваат невропсихолошка евалуација, окупациона и сензорна терапија, кои се клучен дел од развојот и напредокот на детето. Исто така, нудиме и образовна поддршка за учениците кои имаат потреба од стручен тим кој ќе го изработи нивниот индивидуален образовен план.

Доколку Вашето дете има посебни образовни потреби или има потреба од поддршка при учење, нашиот Центар обезбедува стручен тим од професионалци во областа. Тимот вклучува невропсихолог, психолог, наставници, дефектолог и логопед. Сите тие заедно со родителите ја креираај најсоодветната програма за поддршка на ученикот.

Среќата на децата е нашиот мотив да продолжиме да креираме прекрасен свет во кој секое од нив ќе има можност да биде најдобрата верзија од себеси.

Кој ќе работи со моето дете?

Невропсихолог
Невропсихологот во нашето училиште го спроведува невропсихолошкото тестирање по кое следи креирање на индивидуална програма за работа.

Дефектолог/ Специјален едукатор
Дефектологот/ специјалниот едукатор ги водат индивидуалните сесии на кои се работи со Вашето дете.

Психолог
Психологот е дел од спроведување на психолошкото тестирање.

Во нашиот центар се достапни:

Невропсихолошка евалуација е коплексен процес на тестирање на когнитивните способности на едно дете и дава прецизна слика за неговите слабости и функции на кои треба да се обрне повеќе внимание. 

Неврошсихолошката евалуација се состои од следните компоненти:

  • Преглед на информациите кои Вие и имате за досегашниот развој на Вашето дете, претходни тестирања, испитувања од стручни лица, училишни постигнувања, ИОП (доколку е изготвен);
  • Интервју со родителите;
  • Тестирање на следните функции:
    1. Говорно- јазични функции, 
    2. Внимание,
    3. Концентрација,
    4. Помнење,
    5. Егзекутивни функции,
    6. Крива на учење,
    7. Социо- емоционално функционирање

Окупационата терапија започнува со евалуација на следните подрачја:

  • Преглед на учиилишните постигнувања,
  • Преглед на изготвениот ИОП
  • Моторни и визуелни вештини,
  • Фина моторика
  • Пишување
  • Евалуација на секојдневните активности
  • Сензорна интеграција

По направената евалуација, стручниот тим изработува план за работа на ученикот и се пристапува кон окупациона терапија.

По спроведената евалуација, специјалниот едукатор изготвува извештај за постигнувањата на детето и моториката. По изготвениот извештај, се подготвува план за работа за подобрување на фината и груба моторика, сензорните вештини, пишувсњето, како и секоја област за која е потребна поддршка од стручно лице.

Евалуацијата на образовните потреби се состои од:

  • Проверка на досегашните постигнувања на тестирања во училиште,
  • Преглед на изготвениот ИОП,
  • Евалуација на следните вештини: пишување, читање, решавање математички операции. За помалите ученици евалуацијата се состои во задавање поедноставни задачи, додека од повозрасните се очекува можност за решавање на покомплексни задачи.
  • Писмен извештај за потребите и можностите на Вашето дете во училиште, како и јасни насоки за подрачјата на кои треба да се работи.