предметна настава

Возраст на ученици

Оваа програма е наменета за ученици од 11 до 14 години | 7мо до 9то одделение

Низ наставната програма за Основно образование 2, учениците изучуваат широк спектар на наставни предмети кои ги предаваат современо обучени наставници. Преминувајќи во оваа фаза од нивното образование, учениците се охрабруваат подетално да го развијат разбирањето за низа области, истовремено, продлабочувајќи ја својата независност, љубов кон учењето и критичко размислување. Разновидната понуда на предмети им овозможува на учениците да развијат широк спектар на вештини и знаења и ги подготвува за преминот во средно училиште. Со цел да се подготват и подобрат личните и социјални вештини кај учениците, во програмата има интегрирана настава од области како: лични односи, социјални групи, здравје, економија и слично. Целта на ваквиот вид интеграција е да се зајакнат врските помеѓу учениците и заедницата од која тие се дел, како и да се стекнат со вештини кои им се неопходни за успех.
Нивоа
  • Ниво 7 - возраст на учениците: 11 - 12 години
  • Ниво 8 - возраст на учениците: 12 - 13 години
  • Ниво 9 - возраст на учениците: 13 - 14 години
Програмата е природно продолжение на наставната
програма за основно образовние. Со користење на истите модерни наставни методи,
оваа програма ги продлабочува знаењата на учениците од основните предмети кои
се изучуваат во претходното ниво.

Во Максимилијан креираме средина која ги поттикнува сите ученици да успеат со користење на своите потенцијали низ остварување високи цели и заемна почит. Нашата програма е креирана така што поттикнува меѓусебна доверба помеѓу сите вклучени во процесот и создава можност за развој на личните креативни способности на секој ученик. Училиштето изобилува со нови и возбудливи образовни искуства за учениците. Низ интерактивен пристап и настава на секој ученик му е овозможено да ја совлада наставната материја и да создаде вештини кои лесно ќе ги примени во секојдневните ситуации.

Систем за оценување

 Во оваа програма, студентите се оценуваат континуирано. На почетокот на секој месец, родителите добиваат Извештај за напредокот што го покажува работењето на ученикот во текот на изминатиот месец.

Постојат две испитни недели во текот на целата учебна година:
1. Мидтерм испитна недела во декември
2. Завршна испитна недела во мај

предмети

Овој предмет им овозможува на учениците да комуницираат со сигурност и ефикасност и да ги развиваат вештините за да одговорат на голем број информаци и текстови со разбирање и уживање. Учениците кои ја следат оваа програма го усовршуваат англискиот јазик врз основа на наставна програма дизајнирана да биде успешна во било која култура и да промовира меѓукултурно разбирање.
Наставната програма е претставена во области или “насоки”.

Тие понатаму се поделени на модули и тоа:
  • Фонетика, правопис и речник
  • Граматика и интерпункција
  • Читање
  • Пишување
  • Читање
  • Поезија
  • Пишување
Предметот македонски јазик е задолжителен за сите ученици. Програмата целосно соодветствува со националната рамка за македонски јазик за соодветното одделение.
Учениците кои ја следат оваа програма го изучуваат германскиот како втор странски јазик.
Рамката на наставната програма опфаќа шест содржини: броеви, алгебра, геометрија, мерки, обработка на податоци и решавање на проблеми. Првите пет содржини се поткрепени со решавање на проблеми, што обезбедува структура за примена на математички вештини. Менталните стратегии се исто така важен дел од содржината на броевите. Наставната програма се фокусира на принципи, модели, системи, функции и односи, така што учениците ќе ги применат своите математички знаења и ќе развијат сеопфатно разбирање на предметот.
Рамките на курикулумот за секој предмет се организирани во три фази. Тие ја опфаќаат целта на наставата за секоја година и обезбедуваат сеопфатни цели за учење. Наставната програма е претставена во шест содржини или “насоки”. Тие понатаму се поделени на модели и тоа:


Броеви
• Целини и корени
• Вредност и заокружување
• Равенки, децимали, проценти, сооднос и пропорции

Алгебра
• Изрази, равенки и формули
• Секвенци, функции и графици

Геометрија
• Форми
• Позиција и движење

Мерење
• Должина, маса и капацитет
• Времиња и промена
• Површина, периметар и волумен

Работење со податоци
• Планирање и собирање на податоци
• Обработка и презентирање на податоци
• Толкување и дискутирање на резултатите

Решавање на проблеми
• Користење техники и вештини за решавање на математичките проблеми
• Користење на разбирање и стратегии за решавање на проблемите.
Наставната програма опфаќа четири содржини: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научно истражување се однесува на размислување за идеи, вреднување на докази, планирање на истражната работа, снимање и анализа на податоци. Целите на научната истрага ги поткрепуваат биологијата, хемијата и физиката, кои се фокусираат на развивање на довербата и интересот за научното знаење. Еколошката свест и историја на науката исто така се дел од наставната програма.
Наставната програма е претставена во четири содржини или “насоки”.
Тие понатаму се поделени на модули и тоа:

Научно истражување
• Идеи и докази
• Планирање истражувачка работа
• Добивање и презентирање докази
• Размислување за докази и пристап

Биологија
• Растенија
• Луѓето како организми
• Клетки и организми
• Животи во нивната животна средина

Хемија
• Материја
• Својства на материјата

Физика
• Сила и движење
• Енергија
• Планетата Земјата

Во рамките на овој предмет, учениците изучуваат:

  • Географија
  • Историја

Во делот Географија учениците почнуваат со учење на основите за Географија, планетата Земја, континентите, земјите, океаните, морињата, езерата и планините.

Во делот на Историја, учениците ги осознаваат основите на меѓународната историја и односи.

Часовите по музичко во нашето училиште се фокусираат во два дела:

  • Теорија на музиката
  • Практичен дел

Нашите музички наставници се подготвени да ја развијат љубовта кон музиката кај секој ученик. Часовите по музика се време на денот кога учениците ќе уживаат во добра и квалитетна музика, исто така, ќе ја запознаат историјата зад неа.
Во текот на неделата, два до три часа се посветени на спортот од различни активности како што се:
  • Кошарка
  • Одбојка
  • Пливање
  • Лизгање на мраз
  • Фудбал
  • Куглање
  • Пинг Понг
Што ќе научат учениците?

Програмата ги развива вештините на истражување, анализа, евалуација, размислување, соработка и комуникација. Ги зајакнува врските на англиски како прв или втор јазик, математика, наука и ИКТ.

Истражувањата велат дека колку порано учениците почнуваат да ги развиваат и практикуваат овие вештини, толку е поголемо влијанието врз нивното учење.

Како се спроведува програмата?

Програмата се состои од серија модули – предизвици. Во текот на годината се предвидени шест модули.