Индивидуална програма
ПРИСТАП ДО КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗАГАНТИРАН ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ
Основната цел на Меѓународно училиште Максимилијан е да обезбеди пристап до квалитетно образование за секој ученик. Ние како училиште веруваме дека секое дете заслужува да добие квалитетно образование. Затоа во нашето училиште функционира центар за посебни образовни потреби кој е составен од професиналци кои ги евалуираат потребите на секој ученик. Доколку за некој ученик е утврдено дека има посeбни образовни потреби нашиот тим изготвува индивидуален образовен план. Изготвување на индивидуалниот обрзовен план е процес во кој учестуваат наставниците, стручниот персонал и родителите и чија основна цел е задоволување на индивидуалните образовни потреби на секој ученик.
Тимот на професионалци поставува цели кои се соодветни на моменталните потреби и можности на ученикот и пристапува кон изготување на иднивидуалниот образовен план за целата учебна година. Индивидуалниот образовен план е предмет на постојана адаптација во зависност од напредокот на ученикот.
Откако ќе се изготви ИОП, тимот составен од невропсихолог, психолог и дефектолог работат на неговата имплементација. Родителите на ученикот се исто така клучен дел од целиот процес. Тие добиваат месечни извештаи за напредокот на ученикот и на средбите со стручниот тим работат заедно кон унапредување на изготвениот ИОП и поставување нови цели.
Цел на индивидуалната образовна програма
Целта на ИОП е да обезбеди индивидуализиран план кој ќе му помогне на секој ученик да го достигне својот потенцијал и да работи на поставување на цели кои се соодветни на неговото/нејзиното академски ново. Затоа е неопходно познавање на индивидуалните можности и потреби на секој ученик како би можеле да се постават најсоодветни цели. Како дел од тимот кој го изготвува ИОП, родителите заедно со вработените во ПСУ Максимилијан треба да соработуваат на постојано унапредување на процесот.
На кого му е потребен ИОП?
Наставниците во ПСУ Максимилијан се свесни за придобивките кои индивидуалната програма ги нуди на различни групи на ученици со различни потреби. Поголемиот дел од Индивидуалните образовни планови се направени за ученици на кои им е потребна поддршка во когнитивните и социлани вештини. Индивидуалниот образовен план се составува тогаш кога наставниот кадар и родителите заедно одлучуваат дека тоа е најсоодветниот начин да му се пристапи на ученикот и да се задоволат неговите/ нејзините индивидуални образовни потреби. ИОП може да се состои во модификации на наставната програма или во целосно креирање на индивидуална програма.
Фази за изработка на Индивидуален образовен план
Процесот на изработка на ИОП се состои во следните фази:
- Профил на ученикот составен од информации за претходни постигнувања
- Поставување на генерални насоки и утврдување на следните чекори при работа
- Изготвување на ИОП
- Имплементација и усовршување на ИОП на месечно ниво
- Изработка на месечни извештаи за напредокот на ученикот
- Поставување јасни цели за академскиот напредок на ученикот
Компоненти на ИОП
- Идентификација на потребите на ученикот и информации за претходните постигнувања
- Евалуација на потребите и можностите на ученикот
- Поставување специфични цели за секој ученик
- Методи, материјали и стратегија за работа
- План и распоред за евалуација на постигнувањата
- Индивидуална работа со дефектолог на секојдневна основа
Програма ориентирана кон учениците
Академско ниво на ученикот
Првиот и најважен чекор за креирање на ИОП е да се утврди моменталното академско ниво на ученикот. Секој ИОП мора да содржи опис на моменталниот перформанс и вештини на ученикот, како и областите кои треба да се подобрат. Во себе треба да содржи и објаснување како одредена попреченост влијае на напредокот и усвојувањето на наставната програма.
Годишни цели
Индивидуалниот образовен план мора да содржи информации за целите кои се поставени за ученикот и истите треба постојано да се унапредуваат и да се утврдуваат. Поставувањето на целите дава јасен приказ за она што се очекува од ученикот во текот на претстојната учебна година вклучувајќу ги како академските, така и функционалните вештини. Поставените цели се предмет на константно прилагодување во зависност од постигнувањата на ученикот.
Индивидуална работа со дефектолог и/или психолог
Секој ученик кој е запишан на индивидуална образовна програма посетува секојдневни индивидуални средби со дефектолог и/или психолог. Целта на овие средби е да се развијат моторните и когнитивните вештини на ученикот.
Адаптација на тестовите
Учениците со посебни образовни потреби се соочуваат со особени потешкотии кога е во прашање проверката на нивното знаење. Затоа, за учениците кои ја следат индивитуалната образовна програма се изготвуваат посебни тестови соодветни на нивното академско ниво. На тој начин им се пружа можност да постигнат високи резултати и да го искористат својот потенцијал.