Добредојдовте во Меѓународно училиште Максимилијан
Почитувани родители и ученици,
Добредојдовте во Меѓународното Училиште Максимилијан, престижно меѓународно приватно училиште лоцирано во срцето на градскиот парк во Скопје. Привилегија ми е да сум дел од образовна институција која ги спојува богатата историја со динамичен, напреден образовен пристап.
Историја и визија на Меѓународно училиште Максимилијан
Основано во 2009 година, Меѓународното Училиште Максимилијан е водечка образовна институција посветена имплементација на светски стандарди во образованието. Меѓународно училиште Максимилијан е образовна институција во која учат ученици од прво одделение до четврта година гимназија. Училиштето гордо го носи епитетот ИБ светско училиште, а акредитацијата од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е доказ за нашата посветеност кон извонредност во образованието.
Нашата Образовна Филозофија и Мултидисциплинарен Пристап
Работењето во Меѓународно училиште Максимилијан ми дозволува да го применам моето мутидисциплинарно образовно патешествие кое вклучува мастер студии психологија на образование и интелектуална сопственост, како и доквалификации од областа на клиничката невропсихологија и невропсихолошка дијагностика, знаења кои секојдневно ги применувам во работата со нашите ученици. Стремежот за квалитетно образование и модерна образовна институција ме одведе до следното поглавје од моето обрзовно патешествие, а тоа се докторски студии од областа на Менаџмент во образованието. Во секојдневното работње, непрекинато барам иновативни методи за унапредување на образовниот процес и со тоа подигнување на квалитето на образованието во Република Северна Македонија.
Целокупен развој на секој ученик
Меѓународно училиште Максимилијан е образовна институција која е посветена на целокупниот развој на своите ученици. Наставната програма која се изведува целосно на англиски јазик во мали паралелки ученици, овозможува индивидуален пристап и фокусирање на потребите на секое дете. МУ Максимилијан става акцент не само на академските способности, туку и на когнитивните функции на секој ученик, како и нивното ментално здравје и правилен развој.
Ангажирање на заедницата и вклученост на родителите
Срцето на нашето училиште е во нашата живописна заедница. Веруваме во моќта на колаборативното образование, каде родителите и заедницата активно учествуваат во образовниот пат на учениците. Ова партнерство е круцијално за нашата етика и успех.
Започнете патување на откритие
Додека го истражувате нашиот веб-сајт, ве поканувам да откриете повеќе за уникатните карактеристики што го прават Меѓународното Училиште Максимилијан посебно место за учење и раст. Без разлика дали сте потенцијален ученик, родител или член на заедницата, ве топло покануваме да се приклучите на нашата заедница, посветена на негување и образование на лидерите и иноваторите на утрешнината.
Со почит,
м-р Софија Филиповска