ЧПП


Често поставувани прашања (ЧПП)

Во Меѓународно училиште Максимилијан учат ученици од прво одделение до четврта година гимназија.

Да, Меѓународно училиште Максимилијан – Скопје е светско IB училиште (IB World School), а гимназиската програма е акредитирана и од Министерството за образование и наука.

Програмата во МУ Максимилијан е во согласност со International Baccalaureate, се изведува на англиски јазик и е светски признаена.

Во МУ Максимилијан, веруваме во моќта на индивидуалниот пристап. Затоа, работиме во мали паралелки од најмногу 10 ученика.

Менталното здравје и добросостојба на нашите ученици ни е приоритет. Затоа, нашиот тим професионалци е целосно посветен на целокупниот развој на учениците. Нашиот пристап вклчува интегирање на психолошка процена и поддршка во секојдневното работење, со што секој ученик има пристап до процена, помош и поддршка.

МУ Максимилијан ги охрабрува родителите активно да се вклучуваат во образованието на своите деца. Ова вклучува активно вклучување во Одброт на родители, учество и креирање на училишни настани и соработка со наставниците за подобрување на учењето на нивното дете.

Меѓународно училиште Максимилијан – Скопје нуди низа послешколски активности, вклучувајќи спорт, уметност, музика и разни клубови. Овие активности се дизајнирани да ја надополнат програмата и да го поддржат холистичкиот развој на учениците.

Нашата наставна програма, фокусирана на програмата IB, ги подготвува учениците со вештини за критичко размислување, глобални перспективи и силна академска основа. Исто така, обезбедуваме универзитетско советување и насоки за кариерен развој за да им помогнеме на учениците да донесат информирани одлуки за нивната иднина.

Условите за упис зависат од возрасната група и одделението во кое се запишува ученикот. Генерално, основните услови за упис се дипломи за завршени претходни одделенија / години, пополнување на целокупната документација за упис издадена од училиштето и определување на нивото на познавање на англискиот јазик. За подетални информации, можете да не контактирате или да ја пополните апликацијата за упис.

Апсолутно. Во Меѓународно училиште Максимилијан – Скопје ја поддржуваме инклузивноста. Инклизијата е основа на нашата заедница и сме посветени да обезбедиме образовна средина во која секој ученик е добредојден, без оглед на нивното потекло, академски способности или веувања. Ние се стремиме да се грижиме за индивидуалните потреби на секој ученик, обезбедувајќи еднаков пристап до можностите и ресурсите за учење. Нашата цел е да поттикнеме култура на разбирање и емпатија, каде што се вреднуваат разликите и секој ученик може да го постигне својот целосен потенцијал.

Наставата во Меѓународно училиште Максимилијан – Скопје се изведува на англиски јазик. Посветени сме на обезбедување сеопфатно образование на англиски јазик со што ќе се осигураме дека нашите ученици се сигурни во нивната употреба на јазикот, подготвувајќи ги за глобалните можности.

Покрај англискиот, нашите ученици изучуваат и други странски јазици за да ги збогатиме нивните јазични способности и културното разбирање. Овие јазици вклучуваат англиски, германски, француски и мајчин јазик на учениците, кои ги предаваат искусни наставници. Програмите за изучување на странски јазици се дизајнирани за различни нивоа на познавање на јазикот и тоа од почетно до напредно ниво и имаат за цел да поттикнат љубов кон јазиците и меѓукултурна комуникација меѓу нашите ученици.

Меѓународно училиште Максимилијан – Скопје е отворено за сите потенцијални нови клиенти кои сакаат да бидат дел од нашата заедница. Контактирајте не на некој од контакт телефоните или преку email како би можеле да закажете средба со одговорните лица и да се информирате за понудата на Меѓународно училиште Максимилијан.