Logo Loading

Enter your keyword

post

}

ЛЕТЕН КАМП 2018

ЛЕТЕН КАМП 2018- ПРИВАТНО УЧИЛИШТЕ МАКСИМИЛИЈАН

Летните кампови ви приватното училиште Максимилијан нудат активности во и надвор од училиштето заедно со одлични можности за забава, дружење и истражување. Нашите програми ги групираат децата по возраст и ја поттикнуваат нивната способност да донесуваат одлуки, прават избори, работат со други и преземаат одговорности. 

Учениците се групираат во две возрасни групи:

  1. Дискавери група (7-11 години)
  2. Експлорерс група (11-14 години)

Нашиот камп нуди забавна програма која ги користи сите придобивки од летото. Деновите во кампот се исполнети со забавни активности во училиште, организирани посети кои им помагаат на децата да развијат интерес за науката, да го научат англискиот јазик, ја истражат природата и да ја развијат својата креативност преку учење за можностите кои светот околу нив ги нуди. 

Ние следиме четири основни правила кога ги планираме нашите екскурзии: патувањето мора да е соодветно за развојот на детето, безбедно, да има едукативна вредност и да е забавно!

Програмата е специјално креирана за учениците да се забавуваат, учат и да го истражуваат своето опкружување. 

Кампот се одвива во училишната зграда од понеделник до петок.

Програмата се состои од два типа на активности:

  1. Активности во училиште 

Овие активности се делат на два дела:

  • Часови
  • Часови англиски јазик- 3 часа неделно 
  • Научни лаборатории- 2 часа неделно
  • Курс за интернет безбедност 2 часа неделно
  • Уметност- 2 часа неделно
  • Читање- 3 часа неделно 
  • Активности надвор од училиште
  • Скокање на јаже
  • Крикет
  • Твистер
  • Куглање
  1. Екскурзии

Учениците со својата група одат на организирани посети на:

  • Музеј
  • Зоолошка градина
  • Градски парк
  • Спортски центар “Борис Трајковски„
  • Аква парк
ПОНЕДЕЛНИК ВТОРНИК СРЕДА ЧЕТВРТОК ПЕТОК
08:30-09:00 Регистрација Регистрација Регистрација Регистрација Регистрација
09:00-10:00 Англиски јазик Научна лабораторија Англиски јазик Научна лабораторија Англиски јазик
10:00-10:30 ПОЈАДОК ПОЈАДОК ПОЈАДОК ПОЈАДОК ПОЈАДОК
10:30-11:30  Безбедност на интернет  Активности и игри соодветни за возрасната група  Безбедност на интернет  Активности и игри соодветни за возрасната група  Безбедност на интернет
 11:30-13:00  Екскурзија- Зоолошка градина  Екскурзија- Градски парк  Екскурзија- Аква парк  Екскурзија- Музеј  Екскурзија- Спортски центар Борис Трајковски
 13:00-13:30  УЖИНА  УЖИНА  УЖИНА  УЖИНА  УЖИНА
 13:30-15:00  Читање  Уметност  Читање  Уметност  Читање

Учениците можат да го посетуваат кампот минимум 1 недела. 

Цената за една недела е 150 евра. Во цената се вклучени часовите, екскурзиите и оброкот. 

Прогамата ќе се спроведе во два периоди:

  • Од 25ти Јуни до 15ти Јули
  • Од 15ти Август до 27ми Август