Logo Loading

Enter your keyword

post

}

Основно образование 2

За кого е наменета?

Меѓународната програма Основно образование 2 е наменета за ученици од 11 до 14 годишна возраст и обезбедува полесен напредок во однос на Основно oбразование 1 – или може да се користи како самостојна наставна програма која овозможува развивање на ученичките вештини, усовршување на англискиот јазик, математиката и природните науки.

15356572_358734421156728_6806069892560732666_n (1)
Нивоа

Ниво 7 - возраст на учениците: 11- 12 години
Ниво 8 - возраст на учениците: 12- 13 години
Ниво 9 - возраст на учениците: 13- 14 години

Придобивки

По завршување на програмата, учениците се целосно поготвени за почеток на средното образование. Комплексноста на оваа програма како и богатиот спектар на предмети кои се изучуваат ја прави истата силна основа за четирите години средно образование.

Цели на програмата

- обезбедува природен напредок од основно образование кон четирите години на средно образование
- идентификува сеопфатен сет на целите за учење на англиски и англиски како втор јазик,математика и природни науки
- обезбедува одлична подготовка за кандидати кои напредуваат во другите фази.

14708382_343633349331009_8208371102700111199_n
СИСТЕМ НА ОЦЕНУВАЊЕ

Во основно образование 2 учениците постојано се оценуваат.
Тие имаат редовни проверки и задачи, а на почетокот на секој месец добиваат извештаи за напредок по секој предмет.
Постојат две испитни недели за времетраење на учебната година:
1. Средина на месец Декември
2. Финален испит во Мај

Англиски

Овој предмет им овозможува на учениците да комуницираат со сигурност и ефикасност и да ги развиваат вештините за да одговорат на голем број информаци и текстови со разбирање и уживање. Учениците кои ја следат оваа програма го усовршуваат англискиот јазик врз основа на наставна програма дизајнирана да биде успешна во било која култура и да промовира меѓукултурно разбирање.

Англиски како втор странски јазик

Оваа рамка на наставната програма развива вештини за зборување, слушање, читање и пишување на учениците на англиски јазик. Наставната програма е заснована на Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа која се користи во целиот свет за да го прикаже напредокот на учениците на англиски јазик.

Наставната програма е претставена во области или “насоки”. Тие понатаму се поделени на модули и тоа:

  • Фонетика, правопис и речник
  • Граматика и интерпункција
  • Читање
  •  Пишување
  • Читање
  • Поезија
  • Пишување

Предметот македонски јазик е задолжителен за сите ученици. Програмата целосно соодветствува со националната рамка за македонски јазик за соодветното одделение.

Учениците кои ја следат оваа програма го изучуваат германскиот како втор странски јазик.

Рамката на наставната програма опфаќа шест содржини: броеви, алгебра, геометрија, мерки, обработка на податоци и решавање на проблеми. Првите пет содржини се поткрепени со решавање на проблеми, што обезбедува структура за примена на математички вештини. Менталните стратегии се исто така важен дел од содржината на броевите. Наставната програма се фокусира на принципи, модели, системи, функции и односи, така што учениците ќе ги применат своите математички знаења и ќе развијат сеопфатно разбирање на предметот.

Рамките на курикулумот за секој предмет се организирани во три фази. Тие ја опфаќаат целта на наставата за секоја година и обезбедуваат сеопфатни цели за учење. Наставната програма е претставена во шест содржини или “насоки”. Тие понатаму се поделени на модели и тоа:

Броеви

• Целини и корени
• Вредност и заокружување
• Равенки, децимали, проценти, сооднос и пропорции

Алгебра

• Изрази, равенки и формули

• Секвенци, функции и графици

Геометрија

• Форми

• Позиција и движење

Мерење

• Должина, маса и капацитет

• Времиња и промена

• Површина, периметар и волумен

Работење со податоци

• Планирање и собирање на податоци
• Обработка и презентирање на податоци
• Толкување и дискутирање на резултатите

Решавање на проблеми

• Користење техники и вештини за решавање на математичките проблеми

• Користење на разбирање и стратегии за решавање на проблемите.

Наставната програма опфаќа четири содржини: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научно истражување се однесува на размислување за идеи, вреднување на докази, планирање на истражната работа, снимање и анализа на податоци. Целите на научната истрага ги поткрепуваат биологијата, хемијата и физиката, кои се фокусираат на развивање на довербата и интересот за научното знаење. Еколошката свест и историја на науката исто така се дел од наставната програма.

Наставната програма е претставена во четири содржини или “насоки”. Тие понатаму се поделени на модули и тоа:

Научно истражување

• Идеи и докази
• Планирање истражувачка работа
• Добивање и презентирање докази
• Размислување за докази и пристап

Биологија

• Растенија
• Луѓето како организми
• Клетки и организми
• Животи во нивната животна средина

Хемија

• Материја
• Својства на материјата

 

Физика

• Сила и движење
• Енергија
• Планетата Земјата

Во рамките на овој предмет, учениците изучуваат:

  • Географија
  • Историја

Во делот Географија учениците почнуваат со учење на основите за Географија, планетата Земја, континентите, земјите, океаните, морињата, езерата и планините.

Во делот на Историја, учениците ги осознаваат основите на меѓународната историја и односи.

Часовите по музичко во нашето училиште се фокусираат во два дела:

  • Теорија на музиката
  • Практичен дел

Нашите музички наставници се подготвени да ја развијат љубовта кон музиката кај секој ученик. Часовите по музика се време на денот кога учениците ќе уживаат во добра и квалитетна музика, исто така, ќе ја запознаат историјата зад неа.

Што ќе научат учениците?

Програмата ги развива вештините на истражување, анализа, евалуација, размислување, соработка и комуникација. Ги зајакнува врските на англиски како прв или втор јазик, математика, наука и ИКТ.

Истражувањата велат дека колку порано учениците почнуваат да ги развиваат и практикуваат овие вештини, толку е поголемо влијанието врз нивното учење.

Како се спроведува програмата?

Програмата се состои од серија модули- предизвици. Во текот на годината се предвидени шест модули.