Logo Loading

Enter your keyword

post

}

Основно образование

За кого е наменета програмата?

Програмата за основно образование е наменета за ученици од 5 до 11 години и им овозможува основни знаења од најважните области како: Математика, Англиски јазик, Природни науки, Општествени науки. Во основното образование се применува стандардизирана меѓународна програма со висок квалитет и истата е прилагодена на локално ниво.

kids
Нивоа

Ниво 1 – возраст на учениците: 5,5- 6 години
Ниво 2 – возраст на учениците: 6- 7 години
Ниво 3 – возраст на учениците: 7- 8 години
Ниво 4 – возраст на учениците: 8- 9 години
Ниво 5 – возраст на учениците: 9- 10 години
Ниво 6 – возраст на учениците: 10- 11 години

Цели на програмата

Програмата му овозможува на секој ученик:

- Природен напредок во сите шест години од основно образование
- Корисна структра која е фокусирана на се она што ученикот треба да го постигне во секоја фаза од основното образование
- Целосно искористување на академскиот потенцијал
- Да се здобие со сите вештини соодветни со возраста и да се поттикне емоционалниот и социалниот развој
- Да се подготви за темелно изучување на странски јазици, математика, природни науки, уметност и спорт

Lab
Придобивки

Нашата програма е целосно посветена на поставување на силна основа во областа на интегрирано изучување на науките, информатичката технологија и спортот.
Учениците го изучуваат англискиот јазик преку читање, пишување, слушање и зборување.
На часовите по природни науки, ја изучуваат поврзаноста помеѓу животните и средината, создавањето на планетата Земја и релјефот, како и основите на физиката.
На часовите по уметност, се поттикнува развојот на креативноста, се поставуваат основите на музичкото образование, како и цртање.

Предмети

Програмата за изучување англиски јазик во Основно образование 1 им овозможува на учениците да развијат критички вештини за да можат да одговорат на информациите кои ги добиваат.

Учениците кои ја следат оваа програма ќе го усовршат англискиот јазик преку силабус кој е креиран да биде успешен и прифатен во секоја култура и кој истовремено промовира меѓу-културно разбирање.

 

АНГЛИСКИ КАКО ВТОР СТРАНСКИ ЈАЗИК

Овој силабус поттикнува развивање на четирите клучни области во изучување на јазик и тоа: зборување, читање, пишување и слушање. Истиот се базира на Европската рамка за јазици која се користи низ целиот свет  за насочување на знаењето на учениците кои го изучуваат аглискиот јазик.

Предметот Англиска литература е воведен во нашиот силабус уште во првите години на образованието. Веруваме дека само на тој начин секое дете добива можност да ја развие љубовта кон книгите.

Со вметнување на предметот Англиска литература во силабусот, учениците почнуваат да читаат книги на рана возраст како на училиште така и дома.

Училиштето има клубови за читање книги каде учениците поминуваат неколку часа во тивка средина со други ученици и уживаат во книгите.

Часот по македонски јазик и литература е предмет кој е задолжителен за сите ученици на нашето училиште. Силабусот ја следи националната рамка и се состои од литература и граматика.

Силабусот по предметот Математика проучува пет предметни области: геоетрија, мерење, управување со податоци и решавање задачи. Овој силабус се фокусира на принципи, системи, функции и врски каде учениците го применуваат стекнатото знаење и развиваат детално разбирање на предметот.

Училиштето верува дека со ставање акцент на математиката во првите години од образованието, секој ученик почнува да развива логичко размислување и независно решавање задачи.

Предметот основи на работа со компјутер се воведува во нашата програма од прво одделение.

На овој час учениците уште од најмала возраст се сретнуваат со компјутерот и имаат можност да научат како да користат одредени апликации соодветно на нивната возраст. Тие ги учат основите на програмирање, користење на Word документи, подготвување на презентации и слично.

Програмата за предметот природни науки покрива четири области: научно истражување, биологија, хемија и физика. Научните истражувања се базираат на собирање идеи, информации, евалуирање докази, плаирање и анализирање на податоци. Подигање на свеста за околината и историја на природните науки се исто така дел од програмата.

Со слушање на овој предмет, секој ученик ја развива љубовта кон природата и околината. Во нашето училиште создадовме научна околина каде учениците можат да ја откријат убавината на природните науки низ призмата на експериметите и непосредниот контакт со природата.

Часовите по природни науки се состојат од теоретски и практичен дел. Преку теоретскиот дел, учениците ги учат најважните информации за разбирање на темата, додека преку практичниот дел тие добиваат шанса да го видат она што го изучувале.

На часот по општествени науки, учениците кои ја следат оваа програма го изучуваат нивното опкружување, како и основите на историја и географија.

Силабусот на овој предмет е креиран да ги поттикне вештините на истражување, анализа, евалуација, рефлексија, соработка и комуникација.

Учениците во првите години од своето образование добиваат проекти соодветни на нивната возраст. Темите на овие проекти ги опфаќаат сите предмети кои се изучуваат. Се подготвува годишен план за проекти со кој учениците знаат на кој проект кога ќе работат.

Со следење на овој предмет, учениците учат што значи одговорност, тимска работа, лидерство, вештини кои им се неопродни понатаму во животот.

За време на часот по спорт, учениците одат во спортскиот ценар кој се наоѓа во близина на училиштето, каде самите избираат некои од активностите кои ги нуди центарот.

Часовите по музичко се одвиваат секој петок во нашето училиште. На овие часови учениците освен што се запознаваат со теоријата на музиката и најзначајните музичари тие имаат можност да свират одреден инструмент и да научат како истиот функционира.

Начин на оценување

Напредокот и успехот н учениците се следи и оценува во текот на целата година. Од прво до петти секој месец, учениците добиваат Извештај за напредокот. Овој извештај се подготвува за секој предмет и вклучува параметри кои го покажуваат напредокот на ученикот во текот на месецот.

Освен редовните тестови и проверки на знаењето, во текот на годината има две испитни недели. Првата испитна недела е на крајот на првото полугодие, додека втората е на крајот на второто полугодие.

На крајот на секоја учебна година, секој ученик се тестира за нивото на познавање на англискиот јазик.