Logo Loading

Enter your keyword

Гимназиско образование

}

Програмите се внимателно дизајнирани и прогресивни, овозможувајќи им на учениците од 14 до 19 годишна возраст, јасно трасирана патека до успех на академско и професионално ниво .Сето ова се разбира е во согласност со законите кои функционираат на локално ниво.

Наставата која има светски докажана репутација е насочена првенствено кон потребите на учениците, овозможувајки им врвно образовaние во пријателска атмосфера.

Фундаментални принципи за дизајн и имплементација на успешна наставна програма

  • Училишната наставна програма содржи широка, избалансирана, кохерентна и конзистентна програма за учење со јасни патеки за прогресија кои се дизајнирани за потребите на сите ученици.
  • Развој на атрибутите на ученикот на меѓународната јазична програма
  • Меѓународен проект кој се занимава со проценката и учењето вештини на 21от век, ги идентификува промените во образовниот фокус, потребни за подготовка на учениците за модерниот свет и ги дели на четири категории:
  • начин на размислување: вклучува креативност, иновативност, критично размислување, решавање на проблеми, донесување на одлуки и учење како да се учи
  • начин на работење: вклучува нови форми на соработка и комуникација
  • алатки за работа: вклучува информатичко описменување и капацитетот за искористување на потенцијалот на новите технологии
  • вештини за живеење во светот: вклучување во развојот на локалната и глобалната свест, како и лична и општествена одговорност.

Наставната програма има за цел да обезбеди:

  • Потребно разбирање, знаење и вештини за напредокот на учениците во наредните образовни фази
  • Соодветен волумен на содржината на предметите
  • Спирален пристап кон развојот на вештините со ревидирани содржини на повисоко ниво на различни контексти, во зависност од фазата на развој на учениците
  • Баланс на предмети кој опфаќа различни образовни процеси, цели и содржини, развивајки сеопфатен сет на знаења и вештини.
  1.  Наставна програма која го поддржува развојот на учениците и наставниците кои се самоуверени , одговорни, рефлективни и иновативни.
  2. Секоја предметна наставна програма е изготвена на начин кој ќе им овозможи на учениците и наставниците инспиративна содржина и соодветна комплексност на предметното знаење како и развој на вештините кои се соодветни на фазите на развој на учениците.
  3. Наставната програма ја препознава јазичната позадина на учениците и им обезбедува поддршка која им е потребна за пристап до соодветниот предмет. Предметите кои се изучуваат на средно ниво на Англиски јазик, се прилагодени до учениците кои го користат Англискиот јазик како втор јазик.
  4. Секој ученик изучува странски јазик.
  5. Образование во двојазично или повеќе-јазично училиште
  1. Проценката има повеќе намени кои се од суштинско значење за образовниот процес. Овде се вклучени проценките за учење (обезбедување на повратни информации за образовниот процес) и оценување (одредување на нивото на перформанс на ученикот)
  2.  Меѓународни образовни стандарди кои се од суштинско значење да се обезбеди точна евиденција за напредокот на ученикот преку кои се обезбедува меѓународна споредба и правилни насоки кон повисокото образование.
  3.  Квалитетот на предавање е критичен фактор во развојот на секој ученик.
  4. Замисленото искуство поддржано од професионалниот развој е од суштинско значење и континуиран дел од животот на наставникот.
  5.  Педагогијата бара да им се овозможи на учениците да ги достигнат своите максимални перформанси користејќи ја меѓународната наставната програма и оценување кое е базирано на активно учење.
  6.  Силно лидерство кое е неопходен услов за подобрување на училиштето и развој на наставната програма.
  7.  Развојот на наставната програма вклучува тековен процес на собирање докази и нивна евалуација.