Logo Loading

Enter your keyword

post

}
Open enrollment

Open enrollment

ПСУ Максимилијан oбјавува К О Н К У Р С за запишување ученици за учебната 2020/2021 година- гимназиско образование

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2020/2021 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: 

Гимназиско образование 

  • природно – математичко подрачје (комбинација А), 
  • природно – математичко подрачје (комбинација Б), 
  • општествено- хуманистичко подрачје (комбинација А), 
  • општествено- хуманистичко подрачје (комбинација Б), 
  • јазично – уметничко подрачје (комбинација А),
  • јазично – уметничко подрачје (комбинација Б),

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование на Република Северна Македонија запишувањето ученици се врши по пат на Конкурс. 

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месеците април и мај и последно пријавување во месец јуни. 

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 14 и 15 април 2020 година и тоа онлајн директно на нашата веб стана http://maximilian.edu.mk/2266-2/, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 22 април 2020 година. Училиштето го задржува правото уписот да го заврши после првиот уписен рок, доколку се исполни предвидената квота.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа. 

Придржувајќи се до препораките на СЗО, на нашите ученици им овозможуваме:

– мали паралели од 7 до 10 ученика во група;

– социјална дистанца- два метри растојание помеѓу секое дете;

– проверка на температура на секое дете при влез и излез од училиштето;

– задолжителни маски и ракавици за сите ученици;

– хигиена и дезинфекција на учениците и училиштето на највисоко ниво;

– во случај на вонредна состојба, училиштето е технички подготвено во секое време наставата да ја продолжи онлајн

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ 

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи: 

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна); 
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение; 
  • дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; 
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)

АПЛИКАЦИЈА ЗА УПИС